„Донесов одлука“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Арсен Венгер, судејќи според се, ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната.

Долгогодишното владеење на Венгер се ближи крајот, но сеуште ништо не се знае, но гостинскиот пораз од ВБА ги оддалечи Топџиите од целта, а навивачите уште повеќе ги налути.

Венгер остана таинствен и после натпреварот. Рече дека донесол одлука, но никој не знае која.

„Знам што ќе направам во иднина и за тоа набрзо ќе ве известам. Ќе видите се“, рече Венгер, кој во наредните денови ќе донесе конечна одлука.

После поразот од ВБА, Арсенал падна на петто место и има пет бода помалку од Ливерпул, додуша и натпревар помалку, но пласманот во Европа доаѓа под големо знак прашање.