Дончиќ и Богдановиќ ќе го предводат Тимот на Светот

Традиционалниот меч на ѕвездите во подем во НБА лигата ќе се одигра во наредниот Ол Стар викенд во Шарлот.

Тимот на Светот ќе игра против играчи од САД, а на двете страни ќе има и тоа како големи НБА ѕвезди.

„Светот“ ќе биде предводен од Лука Дончиќ и Богдан Богдановиќ, а тука ќе бидат и други многу познати имиња и НБА ѕвезди кои се дел од најјаката лига во светот и се водат како странци. Барем според имињата „Светот“ би можел да биде и благ фаворит во овој меч. САД исто така располага со одличе тим, а ова дефинитивно ќе биде одлична забава и многу добри потези под обрачите.

НБА Ол Стар викендот е на распоредот од 15. до 17. февруари, а покрај овој натпревар и средбата на сите ѕвезди, како и секогаш ќе го гледаме натпреварувањето во закуцување, во шутирање тројки и натпреварување во вештини.