Дојде во Арсенал, а навива за Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дваесет  годишниот Кохен Брамал е ново засилување на Арсенал и доаѓа од седма лига.

Овој лев бек во Арсенал стигна од Хеднесфорд Таун, клубот кој се натпреварува во седми по ранг од англискиот фудбал.

Брамал беше на проба на Емирати и после што оствари добар впечаток, Арсен Венгер се одлучи да го задржи.

Британски Мирор во меѓувреме објави дека овој млад играч сепак навива за Манчестер Јунајтед и наводно пред четири години го славел погодокот на Јунајтед против Њукасл.

Сепак, тој еден пост на друштвената мрежа не мора нужно да значи дека младиот фудбалер навистина навива за Црвените ѓаволи.

Впрочем, нема да биде ни прв ни последен кој играл за едните, а навивал за другите.