Дојде моето време: Денес ќе „го ставам во џебот“ Мохаме Салах…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул денес на свој терен ја пречекува екипата на Кристал Палас во рамки на 23. коло во англиската Премиер лига.

Непријатниот Палас се надева дека може да ги шокира „Црвените“,токму како што ги шокираа „Граѓаните“ пред Божиќ.

Од друга страна, на лидерот Ливерпул му е неопходна победа за да ја задржи предноста од четири бода пред Манчестер Сити.

Нема да им биде лесно на „Црвените“ против секогаш непријатниот Палас, а избраниците на Рој Ходсон, знаат од кого им се заканува најголемата опасност и изгледа имаат план како да го сопрат Мохамед Салах.

На фантастичниот Египќанец ќе демне Патрик Ван Анхолт, а левиот бек на Палас имаше посебна порака пред денешната средба.

„Да, секогаш сакам да играм против најдобрите, а Мохамед Салах е еден од најдобрите во лигата. Дојде моето време „да го ставам во џебот“ и да се погрижам да не постигне гол и не одигра добро“, порача ван Анхолт.