Евра се огласи првпат после инцидентот, еве што објави


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку часа откако Марсеј на Велодром го разби Каен со 5:0, Патрис Евра се огласи на социјалните мрежи, првпат после инцидентот во натпревар во Лига Европа.

Да потсетиме, сега веќе веројатно поранешен фудбалер на Марсеј, удари навивач со ногата во главата, пред натпреварот против Виторија Гимараеш.

Поради овој потег Марсеј одлучи да го суспендира Евра, најверојатно трајно.

Искусниот дефанзивец се огласи на својот Инстаграм профил и порача дека е со своите соиграчи. Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед, објави фотографија на која освен тој во дрес на Марсеј, може да се види и неговиот заштитен знак кога се во прашање социјалните мрежи, плишена панда.

Тој заедно со сликата објави и кратка порака.

„Одличен резултат вечерва, добра работа завршивте момци. Се гордеам со вас. Им благодарам за големата подрша на сите прави навивачи на Марсеј“, напиша Евра.