Еврогол на Салах за победа на Египет против Гана, Уганда и Мали ремизираа (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од третото коло од групата Д на АКН се одиграа два натпревари.

Египет ја победи Гана минимално, 1:0.

Салах го постигна победничкиот погодок за Египет во првото полувреме. Салах постигна фантастичен погодок од слободен удар. Во второто полувреме мируваа мрежите, а на крајот Египет победи со 1:0.

Египет во 1/4 финале на АКН се пласира од првата позиција од групата Д. Исто така пласман понатаму обезбеди и Гана како втора од групата Д.


Уганда и Мали ремизираа, 1:1.

Погодоците ги видовме во второто полувреме. Мија му донесе водство на Уганда. Конечните 1:1 ги постави Бисума кој постигна фантастичен погодок од слободен удар. Јатабаре пред крајот на натпреварот промаши зицер за победа на Мали.

Овие две репрезентации испаднаа.