Европска Суперлига – Ова се опциите и за сиромашните нема место!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Постојат три опции, блокот го предводат Реал, Јувентус и Баерн, а во позадина се само парите.

Јасно е што сакаат, една од овие варијатни за неколку години ќе стане реалност.

Без оглед на тоа што УЕФА на големите клубови излезе во пресрет и го промени форматот на Лигата на шампионите големите клубови не се задоволни.

Блокот кој го предводат Јувентус, Реал Мадрид и Баерн и понатака преговараат за создавање на европска Суперлига.

Во прашање ви било затворено натпреварување во кое вкупно би играле 18 клубови. Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Севиља, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Јувентус, Интер, Милан, Наполи, ПСЖ, Марсеј, Лион, Дортмунд и Леверкузен би биле биле членови на таа лига.

Една од варијантите е да се игра како и кошаркарската Евролига, секој со секого, а потоа и нокаут фаза, а на масата е опција по која би била направена и Европска лига од исто така 18 тимови, што би било втора европа лига од која може да се премине во елитата.

Најмалку веројатна варијанта е лига од 32 тимови која би била поделена по географски основи, и би била практично копија од американските професионални спортови.

Во позадина на се, се парите, едноставно клубовите сметаат дека премалку заработуваат.

Имено во споредба со НФЛ, Лигата на шампионите заработува четири пати помалку, 1.5 милијарди евра, наспроти речиси 7 колку што заработуваат клубовите во американскиот фудбал.

Спроведената студија покажува дека фудбалот е многу популарен, дека активно го следат преку 1.6 милијарди луѓе, и дека без оглед на американскиот пазар, односно неговата силија, само 150 милиони луѓе што го следат американскиот фудбал односно на кој спорт даваат предност.