Ед Вудвард истакна дека до мај две ѕвезди од клубот ќе ги продолжат договорите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард истакна дека во клубот се надеваат дека ќе се договорат со Давид Де Геа и Маркус Рашфорд за продолжување на соработката со клубот.

Двајцата клучни играчи би требало да му се приклучат на Фил Џонс, Крис Смолинг, Ешли Јанг, Ентони Марсијал и Скот Мектомини кои ги продолжија своите договори во текот на оваа сезона.

На прес конференција свикана во текот на денешниот ден, Вудвард истакна дека се надева дека уште неколку зделки ќе бидат завршени пред крајот на оваа сезона.