Експресно – Дембеле ја промени репрезентацијата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Селтик, Карамоко Дембеле има само 13 години, а за него слушна целиот свет.

Овој суперталент пред два месеци дебитираше за репрезентацијата на Шкотска до 16 години, но во меѓувреме ја промени одлуката и му се приклучи на репрезентацијата на Англија.

Дембеле во саботата дебитираше за репрезентацијата на Англија до 15 години која ја победи Турција со 5:3 со една негова асистенција.

Карамоко ги налути сите во Шкотска кои мислат дека заслужуваат овој фудбалер да го имаат во својата репрезентација бидејќи Селтик многу вложи во неговиот напредок.

Овој фудбалер има корени од БСК, но е роден во Лондон и за него војуваа три репрезентации. На крајот ја избра Англија.