Емотивно видео на Нејмар: Признавам, претерувам со глума (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар првпат по Мундијалот во Русија реши да прозбори за својата глума поради која доби многу критики од навивачите.

„Можеби понекогаш мислите дека претерувам, а понекогаш тоа е навистина така. Но, јас во исто време страдам“, објаснува Нејмар.

Бразилецот кажа дека не е целата ситуација како што изгледа, а некои од критиките не се на место, па кажа како се работите од негова перспектива.

„Кога нема да дадам интервју, не е тоа поради тоа што не победувам, туку немам научено да ве разочарам. Кога изгледам некултурно, не е затоа што сум разгалено дете, туку зашто уште не научив да бидам фрустриран. Многу време ми требаше да ги прифатам вашите критики и да станам нов човек“, додава Бразилецот.