Жан Тод откри што правеле со Шумахер при неговата последна посета во ноември


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот прв човек на Ферари, Жан Тод во изјава за медиумите истакна дека често го посетувал Михаел Шумахер во неговиот дом во Швајцарија.

Французинот истакна дека во ноември бил во Швајцарија и заедно со Шумахер ја гледале претпоследната трка од Ф1 шампионатот.

„Секогаш сум внимателен при вакви објави, но точно е. Ја гледавме трката заедно со Михаел во неговата куќа во Швајцарија. Постојано ми доаѓа да плачам кога зборувам за него. Имам слики од него насекаде во моите канцеларии и апартмани. Времето со Михаел ќе го запаметам како најдобро во мојот живот“- коментираше Жан Тод.