Жозе Мурињо: Одбив три или четири понуди, бидејќи знам што сакам и каде сакам да одам


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Жозе Мурињо доби отказ во редовите на Манчестер Јунајтед на крајот од 2019. година.

После серијата лоши резултати, раководството од Олд Трафорд одлучи да му врачи отказ на Специјалниот и од тој момент португалскиот стручњак е без работа.

Сепак, говорејќи за beIN Sports Мурињо откри дека имал одредени понуди, но ги одбил бидејќи сакал да превземе одреден клуб.

Иако откри една информација, името на клубот не го откри…

„Три ипол месеци сум без работа и спремен сум повторно да седнам на клупа. Кога сте во светот на фудбалот од многу обврски немате време за себе. Ги искористив изминатите неколку месеци за да ги наполнам батериите“, рече Мурињо, па додаде:

„Тренерската позиција е навистина посебна. Уживам во секојдневното работење и сакам да се вратам на овој лет, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не сакам да го спомнам името на клубот, но точно знам што сакам и се надевам дека ќе ја добијам работата“, истакна Жозе.

Мурињо често се поврзува со враќање на клупата на Интер. Италијанските медиуми тврдат дека токму тој ќе го замени Лучијано СПалети, но за конечна објава ќе мора да чекаме до крајот на сезоната.