Жоргињо се поблиску до Сити, Наполи ангажираше негова замена


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од редовите на Наполи го потврдија трансферот на у21 интернационалецот на Шпанија, Фабиан Руиз.

22 годишниот Руиз доаѓа од редовите на Реал Бетис, и потекнува од академијата на овој клуб. Минатата сезона во најсилната лига во Шпанија одигра 34 натпревари на кои постигна три погодоци.

Наполи објави дека Фабиан Руиз, кој игра на позицијата играч за врска, но одлично се снаоѓа и на крилните позиции, со клубот потпишал договор до јуни 2023 година.