Заха сепак ќе си замине од Кристал Палас

Медиумите во Англија денес пренесуваат вест дека Кристал Палас сепак ќе остане без услугите на нивниот најдобар фудбалер, Вилфред Заха.

За 25 годишниот фудбалер постои сериозен интерес од неколку екипи, а Сандеј Мирор пишува дека Манчестер Сити ќе издвои 50 милиони фунти за да ги обезбеди неговите услуги од следната сезона.

Се верува дека „граѓаните“ го оладиле интересот за Ријад Махрез и се насочиле кон поранешниот играч на Манчестер Јунајтед кој има блескава сезона зад себе.