Зидан се врати во Мадрид, а сите се прашуваат едно – што е со неговиот стајлинг? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан ќе се обиде на мирен начин да ја заврши сезоната со Реал Мадрид, а тоа предизвика голема еуфорија кај поддржувачите на шпанскиот клуб.

Зидан се враќа во Мадрид по неуспешните авантури на Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари, па навивачите се надеваат дека токму Французинот ќе ја спаси нивната чест, а наредната сезона ќе се бори за нови трофеи.

Сепак, на многумина им беше интересен стајлингот на легендарниот Французин на прес-конференцијата, па решија да го коментираат на социјалните мрежи.

Зизу изгледаше како тинејџер во многу интересни фармерки, кои на некој начин станаа и предмет на исмејување.

Досега сме навикнале на некои фудбалери да се појавуваат во ваков стајлинг, но од тренерите тоа ретко се забележуваше.