Ибракадабра го разнесе ВБА – Трета победа во низа на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа со 0:2 против ВБА на гости во натпревар од седумнаесетото коло од ПЛ.

Само после пет минути игра видовме погодок. Лингард му асистираше на Ибрахимовиќ кој со глава погоди за водство на црвените ѓаволи. Фостер во 23-та минута одлично му одбрани на Вејн Руни кој шутираше силно. Во финишот на првото полувреме Лингард пропушти голема шанса за погодок, одблиску шутираше над голот. На полувреме 0:1.

Ибрахимовиќ во второто полувреме го постигна вториот погодок на натпреварот. Јунајтед на крајот славеше со 0:2 и ја продолжи победничката низа во ПЛ.

Манчестер Јунајтед во следното коло на Олд Трафорд ќе го пречека Сандерленд, а ВБА повторно има тежок противник, гостува на Емирати против Арсенал.

 

Zlatan Ibrahimovic Goal 0-1 WBA vs Manchester… by FootballLiveGoals

Zlatan Ibrahimovic Second Goal HD – WBA 0-2… by FootballLiveGoals