Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на крајот на април ги очекува дербито против Манчестер Сити кој со нетрпение го очекува Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач моментално одработува три натпревари суспензија, но ќе биде спремен за дуелот со Граѓаните.
На Ибрахимовиќ овој меч ќе биде посебно важен бидејќи игра против тим кој од клупата го предводи Пеп Гвардиола, а познато е дека тие двајца и не се во најдобри односи.
Гвардиола во летото 2009 година го доведе Ибрахимовиќ во Барселона од Интер, но тогаш изненадувачки после четири месеци го исфрли шведскиот напаѓач од првиот состав.
Ибра после само една сезона ја напушти Барселона, а за конфликтот со Барселона не сака баш често да зборува.
Но, овој пат Ибрахимовиќ за англиските медиуми зборуваше за својот однос со шпанскиот стручнак, и дека тоа му е сега дополнителен мотив секој пат кога игра против екипа која ја води Гвардиола.
„Во Барселона научив дека работите во фудбалот можат да се променат преку ноќ. Проблем не е во мене туку во него. Никогаш не ми пријде и да ми објасни зошто не играм. Не знам што беше неговиот проблем со мене. Тоа сега го гледам како дополнителен мотив секој пат кога играм против него“, рече Ибрахимовиќ.