Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој викенд навивачите на Манчестер Јунајтед, но и остатокот на фудбалска Европа и светот го очекуваат враќањето на Златан Ибрахимовиќ на теренот.
Шведскиот напаѓач е надвор од терените од април месец, откако се повреди во полифналето во Лига Европа против Андерлехт, а сега е потполно спремен и се очекува да го завземе своето место на клупата за резерви на наредниот натпревар против Њукасл Јунајтед.
Тренерот на Црвените Ѓаволи, Жозе Мурињо му најде нова позиција на Златан, а тоа ќе биде офанзивен играч за врска, односно „десетка.“ Како и што се очекуваше, Златан нема проблем со тоа и порача дека тоа е позиција која прави разлика.
„За мене 10тката е број кој го носат ѕвездите. Тоа е број кој го носи играч кој прави разлика, кој се забележува на теренот, добива натпревари и е лидер. Јас себеси се гледам во таква улога, но тоа не е нешто што вам ви е доделено, туку тоа е нешто што сте вие. Да бидам искрен, за мене е голем поттик што се враќам после повредата и да го земам бројот 10, кој го носев во репрезентацијата на Шведска, но и во ПСЖ. Можев да го носам и во Интер, но бргу се преселив во Барселона. Се чуствувам како десетка и ќе го носам бројот 10. Ќе се запише во историјата дека секогаш го носев бројот 10“, изјави Златан.