Игуаин и Кедира го решија Сасуоло, Милан и Рома поразени, Симеоне ги спаси Џенова и Пандев од пораз од Фиорентина (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Уште шест натпревари се одиграа од 22-то коло во Серија А.

Јувентус го победи Сасуоло на гости со 0:2.

Игуаин во деветата минута погоди за водство на Јувентус.

Неколку минути подоцна Сами Кедира зголеми на 0:2. Во второто полувреме мируваа мрежите, а на крајот Јувентус се радуваше.

 

Удинезе беше подобар од Милан на домашен терен, 2:1.

После осум минути игра Бонавентура ги израдува навивачите на росонерите.

Теро во 31-ва минута го израмни резултатот.

Конечните 2:1 ги постави Родриго Де Паул во второто полувреме и му донесе голема победа на Удинезе.

 

Сампдорија со пресврт ја победи Рома на домашен терен, 3:2.

Само после пет минути игра Рома имаше водство. Бруно Перес погоди за водство на римската волчица.

Водството на гостите траеше до 21-ва минута кога Прает го израмни резултатот.

Напаѓачот Един Џеко во второто полувреме го врати водството на Рома.

По влегувањето на терен, Шик израмни, а конечните 3:2 ги постави Муриел две минути подоцна по погодокот на Шик.

Во останатите натпревари Каљари и Болоња ремизира, 1:1,  Кротоне на домашен терен го победи Емполи со 4:1, а Џенова се спаси од пораз на Артемио Франки од Фиорентина, 3:3. Горан Пандев влезе во 52-ра минута на местото на Пинила.