Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Маурицио Сари го препороди Челси и сега се сериозен конкурент за врвот на табелата, а во моментов се трети со четири бода помалку зад лидерот Манчестер сити.
Сепак, во натпреварување какво што е Премиерлигата нема место за секој фудбалер да добие минутажа, па предност имаат поквалитетните и искусните.
Затоа Сари реши Калум Хадсон-Одои да го испрати на позајмица уште во јануари за да добие искуство во најсилната англиска лига.
Хадсон-Одои е еден од најталентираните фудбалери во Европа на своја возраст и „сините“ не сакаат да го загубат.
Доколку не се јави ниту еден клуб од Премиерлигата, тогаш сигурно дека Одои ќе се пресели во Дерби, каде што тренер е Френк Лампард.