Ингс и Салах се кладеле, има ли некаква шанса напаѓот на Саутемптон?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ингс и Салах беа согирачи во Ливерпул, но Ингс не добиваше многу шанса покрај Египќанецот, Мане и Фирмињо, но добро се снајде во Саутепмтон.

Постигна еден погодок на три премиерлигашки меча и верува дека оваа сезона може да биде негова, а мотивот се гледа во кладбата со Салах. Тие двајца се обложиле кој ќе даде повеќе голови.

Секако дека поголеми шанси има Салах, кој брилиријаше мината сезона, а оваа сезона во четири натпревари има постигнато два гола.

„Луѓето помислија дека сум луд што се обложувам на такво нешто, но не се обложивме за пари. Не сум глупав да ставам пари на таква опклада. Немам никаква послеба цел, само сакам да играм што подобро и да победувам“, рече Ингс.

„Ако победам, Салах не мора да ми купи кола или нешто слично. но ако сака може“, порача поранешниот напаѓач на Редсите.