ИНТЕРВЈУ: „И што ако постигнете спектакуларен гол, кога на Јужна има само 50-ина луѓе…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој е роден на 27 Август, 1991 година, во Струмица, тој е Бојан Најденов, моментално настапува за Работнички и е еден од играчите кои оваа сезона оставија печат во Македонската Лига,  иако речиси никој и не ја следи, неговите спектакуларни голови, од истата, сакам да верувам дека ги имате видено, па решивме да поразговараме со него (Бојан)  малку на тема Мак. фубал, малку на тема Странство.

Тој е роден на 27 Август, 1991 година, во Струмица, тој е Бојан Најденов, моментално настапува за Работнички и е еден од играчите кои оваа сезона оставија печат во Македонската Лига,  иако речиси никој и не ја следи, неговите спектакуларни голови, од истата, сакам да верувам дека ги имате видено, па решивме да поразговараме со него (Бојан)  малку на тема Мак. фубал, малку на тема Странство.

Ј.Танчев: Оваа сезона е една од најдобрите во твојата фудбалска кариера, но можеш ли да ни кажеш од каде и како почна твојата приказна со фудбалот?

Б.Најденов: Да, дефинитивно оваа е мојата најдобра сезона на голгетерски план, па моите први фудбалски тренинзи започнаа кога имав некаде околу 7 години, Малеш од Берово беше мојот прв клуб, таму ги направив  првите почетоци, потоа се преселив во Скопје, овде учев средно училиште и истовремено тренирав во Македонија Ѓорче Петров,  тоа време поминато таму, тренинзите, главниот град,  за мене тоа беше едно убаво искуство како средношколец.

Постигнуваш спектакуларни погодоци во последно време, па би те прашал кој тебе ти е најдраг  и најзначаен гол што го имаш постинато ?

За најубав гол не можам да се одлучам, ги има неколку и сите ми се мили (се смее), а за најзначаен дефинитивно победничкиот гол кој го постигнав за Турново под Тумбекафе, против Пелистер, и потоа со таа победа мојот тим го обезбеди опстанокот.

Дали некогаш замислуваше дека еден ден ќе заработуваш од фудбалот ?

Искрен да бидам да, отсекогаш сакав еден да бидам фубалер и да заработувам од тоа, па еве ме денес овде.

Работнички е голем клуб, но кој е твојот сон од детството кој треба да се оствари ?

Сега кога го гледам Несторовски, мислам дека се е возможно во фудбалот, првиот мој дрес беше од Зинедин Зидан, уште од дете и следам и ги сакам Јуве и Барса, а мојот сон, е еден ден да заиграм во некоја солидна Европска Лига и клуб, каде што ќе можам уште повеќе да напредувам.

Странство, странство и пак странство, сите Мак. спортисти, сакаат што побрзо да се иселат и да заминат да печалат, некаде на друго место, но само не тука, што е тоа што и недостасува на Македонската Лига ?

И недостига многу, а најногу и недостиа публика. Бидејќи фудбалот се игра за публиката, за навивачите, и што ако го постигнав спектакуларен гол против прилепска Победа, кога се свртев на Јужна, имаше само пеесетина луѓе. Исто нашата лига е слаба на финансиски план и сметам дека фудбалерите не се доволно ценети кај нас.

Долги години беше член на Хоризонт Турново, таму некако и израсна во играч каков што си денес, бевте тогаш една златна генерација, а кога би можел да издвоиш кој би бил најубавиот момент што ти поминува низ глава во годините кога настапуваше за Турново ?

Кога некогаш ќе се сетам на Турново и времето поминато таму, првите слики што ми се враќаат во глава се настапите во квалификациите за Лига Европа и славјето против Судова, искрено тоа беше убаво време, таму запознав другари кои траат за цел живот, беше една приказна која нема никогаш да ја заборавам.

Зад себе имаш одлични настапи за Работнички, веќе имаш постигнато шест погодоци, кој од кој поубав, беше повикан и за Мак. репрезентација, па товите добри игри сигурно привлекле внимание на многу скаути, дали досега има пристигнато некоја понуда за да заиграш во странство ?

Па да, по моите добри партии сезонава, стигнаа и неколку понуди за играње во странство, но за тоа не одлучувам само јас, тука е директорот на клубот, а и сеуште имам договор со Работнички, па не знам како ќе се одвиваат работите, останува на времето да покаже.

Тешко ли е да се биде професионален фудбалер во нашата земја ?

Б.Најденов: Па верувајте тешко е, и сигурно дека бара голема жртва, кога сите оделе на екскурзија, јас сум бил на натпревар, кога другарите излегувале јас сум си легнувал порано за да бидам свеж утрото бидејќи имаме натпревар. Исто така секојдневните тешки и напорни тренинзи, но еден ден вложениот труд се исплаќа.

Додека во нашите соседни земји, фудбалот оди во нагорна линија, кај нас се повеќе тоне, кога би бил ти претседател на ФФМ од кај би почнал и што би променил ?
Ха Ха, не би сакал никогаш да бидам претседател на ФФМ.

Дали против некој тим од Македонија, имаш посебен мотив за играње ?

Дефинитивно да, секогаш сум, ќе бидам мотивиран и ќе го давам мојот максимум против Вардар и Шкендија, тие се двете најдоброорганизирани екипи во нашата ПМФЛ.