Интересна изјава на Пеп Гвардиола после поразот од Монако

Интересна изјава даде тренерот на Манчестер Сити после елиминацијата во осмина финалето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ се елиминирани после вечерашниот пораз од Монако со 3:1, а иако неговиот тим еден час беше практично безопасен, Пеп Гвардиола играта на својот тим во второто полувреме ја оцени „исклучителна“

Нормално, незадоволен е од учинокот во првите 45 минути, но додаде и неговиот тим не беше миленик на среќата во вечерашниот меч.

„Одигравме исклучително во второто полувреме, но „заборавивме“ тоа да го направиме и во првото. Бевме подобри во продолжението, но тоа не беше доволно.

Ние ќе се подобриме, но ова барање бара доста повеќе….Понекогаш мораш да бидеш посебен и да имаш среќа. Ние вечерва тоа не бевме“, објасни Гвардиола.