Интер го бара Марсијал во договорот за Перишиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Интер побарале Ентони Марсијал да биде вметнат како дел од договорот за Иван Перишиќ.

Како што е познато, Манчестер Јунајтед го посакува Хрватот во своите редови, а според шпекулациите и Перишиќ сака да се пресели на „Олд Трафорд“.

Сепак, од Интер не се откажуваат лесно од услугите на хрватскиот интернационалец, па сега го бараат Марсијал на едногодишна позајмица.

Ова барање веројатно ќе биде одбиено од страна на челните лица на Манчестер Јунајтед, а договорот ќе биде постигнат со тоа што „Ѓаволите“ ќе ја исплатат бараната сума од 45 милиони фунти на клубот од Милано.