Интер предводен од Икарди го покори Рим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер славеа убедлива победа од 3:0 на гостувањето во Рим кај тимот на Лацио.

Јунак на Нероазурите како многупати беше Мауро Икарди. Се играше 28. минута кога Интер дојде до водство, а стрелец на голот беше токму Аргентинецот.

До крајот на полувремето Интер погоди уште еднаш, а стрелец овој пат беше Марсело Брозовиќ.

Конечните 3:0 ги постави Мауро Икарди со својот втор погодок. Асистент на голот беше Борха Валеро.