Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Интер планираат во летниот преоден рок да го донесат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг.
„Мирор“ пренесува дека Нероазурите ќе го донесат Англичанецот во своите редови како слободен агент затоа што неговиот договор му истекува по крајот на оваа сезона.
Интер ќе може да започне со преговори со Јанг уште веднаш затоа што играчот е слободен да преговара со други клубови со оглед на тоа што неговиот актуелен договор со „ѓаволите“ истекува за само шест месеци.
Сепак, од Јунајтед се надеваат дека ќе може да ја искористат опцијата за продолжување на договорот на дополнителна една сезона и дека ќе го спречат заминувањето на Јанг од клубот.