Ирвинг го сруши Торонто, Весбрук стигна до 51 поен!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во ноќта од петок кон сабота во најсилната лига на светот беа одиграни 8 натпревари.

    Кливленд беа подобри во дербито од Истокот како гости откако го победија Торонто со 94:91, па така дојдоа до 2-та победа во сезоната. ДеРозан на минута и пол до крајот донесе израмнување, но Ирвинг беше прецизен од линијата за 3 поени и стигна до победа тимот на Кливленд. Ирвинг беше најдобар со 26 поени, 6 скокови и асистенции. Леброн Џејмс постигна 21 поен, 8 скокови и 7 асистенции додека кај гостите најдобар беше ДеРозан со 32 поени и 7 скокови.

    https://youtu.be/sKPmOZgGqso

    Голден Стејт по лошиот почеток стигна до победа против Њу Орлеанс. Тие победија со 122:114. Дурант беше најдобар со 30 поени, 17 скокови и 6 асистенции додека кај гостите Ентони Дејвис постигна 45 поени, а имаше и 17 украдени топки, 3 асистенции и 2 блокади.

    https://youtu.be/e4BIpWjtGb4

    Најинтересен натпревар беше тој помеѓу Оклахома и Феникс. Во овој натпревар се игра апродолженија, а победи Оклахома со 113:110. Вестбрук беше најдобар со 51 поен, а имаше и 13 скокови и 10 асистенции.

    https://youtu.be/l3FHxu-GlKg

    На останатите натпревари:

    Бруклин – Индијана 103:94
    Детроит – Орландо 108:82
    Мајами – Шарлот 91:97
    Далас – Хјустон 98:106
    Јута – Лејкерс 96:89