Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ватерполистите на Црвена Звезда имаа прес-конференција за новинарите во Белград за нападот во Сплит и кажаа дека немале намера никого да провоцираат.
Тренерот на клубот, Алексадар Филиповиќ кажа дека имале обезбедување од самиот влез во Хрватска. По тренингот ватерполистите тргнале на прошетка во Сплит.
„Припадник на полицијата, кој беше со нас, кажа дека не би требало да има проблеми. Но, некои ватерполисти под јакните имаат тренерки од клубот. Имавме одобрение од полицијата да одиме во град“, кажа тренерот.
Капитенот Душан Васиќ кажа дека Милош Максимовиќ, Александро Краљ и тој шетале на крајбрежјето.
„Прво не најдовме слободна маса, зашто имаше многу луѓе. Кога седнавме, келнерот почна да се однесува чудно и со непријателски тон. Краљ му кажа дека сме дошле на натпревар, а келнерот му се закани. Јас предложив да го смениме локалот, а момците гестот на келнерот го разбраа како шега. Кога бевме нападнати, никој од присутните не сакаше да ни помогне…“, кажа капитенот.