Италанскиот суд нанесе тежок удар на Јувентус


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Италанскиот суд ја одби жалбата на Јувентус која е поднесена по скандалот на Калчополи.

Јувентус по тој скандал во 2006 тата година е исфрлен во Серија Б, и му се одземени две скудета, а како причина на жалбата е наведен губење на репутација и приходи и е побарано оштета од 444 милиони евра и тие две скудета.

Трибунале Аминистративо Регионале (ТАР) лесно ја одби жалбата бидејќи со овој случај предходно се занимавале, дури 10 години предходно. Затоа судијата верува дека нема право да одлучува за нешто што се одлучило веќе пред 10 години, а таа жалба пред 10 години веќе била одбиена.

Да потсетиме, едно од одземените скудета е доделен на Интер.