Голем трансфер на повидок – Италијанската гол-машина е можното засилување на шпанскиот гигант


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Андреа Белоти, италијанскиот напаѓач кој оваа сезона игра фантастично во дресот на Торино и мометално е на врвот на листата на стрелци во Серија А одамна е на мета на европските гиганти.

Според Сан, Андреа Белоти кој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал сепак во следниот период би можел да го облече дресот на Барселона.

Белоти кој пред Торино играше за Албинолефе и Палермо, во Барселона го гледаат како замена за Лионел Меси.

Се мисли дека големата цена би можела да ги одбие премиерлигашките гиганти од доведување на овој фудбалер и поради тоа каталонскиот гигант се наведува како најсериозен кандидат.

Откупната клаузула на Андреа Белоти е астрономски 86 милиони фунти.