Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Амаду Дијавара, фудбалер на Наполи, може наскоро да заигра за Аѕурите.
Италијаните се надеваат дека може да го доведат во репрезентацијата играчот за врска Амаду Дијавара кога ќе добие државјанство.
Според наводите на Скај Спорт Италија, селекторот Џампјеро Вентура спрема терен со цел да го повика овој 19-годишен на репрезентативна должност.
Процесот за негово добивање на државјство е во тек.
Диварара е роден во Гвинеја, но во Италија е од февруари 2015 година. Играше за Сан Марино и Болоња. Во летото беше многу атрактивен на пазарот, а најбрз при негово купување беше Наполи кој го доведе за 14.5 милиони евра.
Досега во оваа сезона Дијавара настапи 16 пати за тимот од Неапол.
Нека се подготви за овој темносин дрес на репрезентацијата на Италија.