И РК Охрид почна со склопување на тимот за следната сезона

По заминувањата на неколку клучни играчи од тимот, од таборот на РК Охрид денес официјално потврдија дека во клубот следната сезона со сигурност ќе останат пикерот Иван Тасески како и крилото, Крсте Андоновски.

Досега клубот од „Билјанини Извори“ го напуштија Јовица Младеновски, Бојан Спасовски (РК Бутел), Благојче Трајковски (Еурофарм Работник) и Марко Кобетиќ (Пелистер).

Од таборот на охриѓани најавуваат дека почнуваат со склопување на составот за следната сезона, а веројатно во следниот период  договорите ќе ги продолжат и Славиша Димитријески и Бобан Блажески.