Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Фетел ќе биде поместен за 3 места на стартот на ГН на Јапонија во однос на резултатот кој ќе го направи во квалификациите, бидејќи е казнет поради судирот на статот во Малезија.
Фетел во првиот свиок во „Сепанг“ удри во Розберг, бидејќи тргна во напад на Ферстапен.
Поради контактот со својот сонародник, Розберг се изврте и падна на последното место додека Ферстапен мораше да избегне неколку возачи и изгуби неколку позиции.
По трката е одлучено дека Фетел е виновен за се, а казната ќе ја одработи на патеката „Сузука“.
Фетел по откажувањето изјави дека не сопирал подоцна од Ферстапен, кој рече дека потегот помеѓу Германците бил смешен.
„Ако ништо друго, сопирав во ист момент како и тој. Одевме еден покрај друг и тој ме притисна кон внатрешната страна на свиокот. Тоа е тркање. Мислев дека и двајцата ќе успееме да влеземе во свиокот, но Розберг одлучи да оди кон другата линија, беше напред, немаше ништо со нас и не мораше да се грижи за луѓето позади него.“
ГН на Јапонија се вози наредната недела.