Скандалозна судиска одлука го „погреба“ Олимпијакос во Барселона (Видео)

Фудбалерите на Олимпијакос се соочија со вистинска драма за време на гостувањето во Барселона. По спорното исклучување на еден од нив, останаа со играч помалку и на крајот доживеаја убедлив пораз со резултат од 1-6.

На 57. минута, Хезе доби втор жолт картон во ситуација што предизвика бројни реакции. Фановите и аналитичарите сметаат дека контактот повеќе личеше на прекршок од страна на играчот на Барселона отколку на фудбалерот на Олимпијакос.

Според многумина, казната беше преостра, и Хезе не требаше да биде исклучен.