Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуација без преседан во англискиот фудбал.
Сити синоќа го прескокна Ливерпул со победата против Евертон, имаат подобра гол разлика, но „Црвените“ имаат натпревар помалку. Сити играше порано бидејќи ги чека дуелот со Челси во финалето од Лига Купот.
„Добро е да се биде прв, но Ливерпул треба да игра на „Олд Трафорд““, вели Гвардиола.
Најдобрата надеж на Сити дека ќе остане прв лежи во градскиот ривал кој по паузата поради ФА Купот, ќе ги пречека во најголемиот меч на англискиот фудбал „Црвените“ на „Олд Трафорд“.
Во првиот дел од шампионатото, во последниот меч на Мурињо, тимот на Клоп славеше со 3:1, но ова е потполно друг Јунајтед кој од тогаш не загуби, нареди дебет победи во дест натпревари.
Солскјер по купот планира екипата повторно да ја одведе во тренинг камп надвор од Англија, неколку дека во Шпанија веројатно, како што Дубаи даде резултати на почетокот на јануари.
Јунајтед би можел многу да каже во шампионската трка, а навивачите се јасни, тие се би дале Сити да биде шампион, без оглед на тоа што градското ривалство е во прашање.
Ливерпул е многу поомразен и на сите начини, Јунајтед сака да ги спречи да ја освои титулата првпат по три децении.