Како Канте се одлучи за Челси и што Мурињо му шепна во телефонот…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играчот за врска на Челси Н`Голо Канте во ова лето можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Францускиот репрезентативец во минатата сезона експлоадираше во дресот на Лестер, а меѓу понудите од Челси и Манчестер Јунајтед ја избра таа од Стенфорд Бриџ.

Самиот фудбалер раскажа на англиските медиуми дека лично Жозе Мурињо го повика по телефон и го убеди да дојде на Олд Трафорд…

„Повикот на Мурињо беше пријатно изненадување, иако и порано слушнав дека се интересира за мене“, рече Канте.

„Проба да ме убеди да дојдам во Јунајтед и ми зборуваше за предностите во оваа одлука. Меѓутоа, во тој момент бирав меѓу продолжување на кариерата во Лестер и  премин во Челси. Преговорите беа во полн ек, а Конте беше многу убедлив“.

Дваесет и пет годишниот Французин потекна во Булоњ, а играше уште за Кан и во минатата сезона за Лестер.

 

https://www.youtube.com/watch?v=WBaNGuxE69c