Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп донесе утринава одлука дека Шаќири нема да патува со екипата на гостувањето кај Црвена Звезда.
Германецот ваквата одлука ја донесе поради се што се случуваше на СП во Русија и фактот дека присуството на Шаќири на стадионот „Рајко Митиќ“ би можело да предизвика реакции кај навивачите на Црвена Звезда кои не би имале врска со фудбалот.
„Сакаме да го испочитуваме ривалот и да избегнеме било какви ситуации кои ќе го пренасочат фокусот од нашето фудбалско натпреварување. Тоа се причините поради кои Шаќири не е вклучен во оваа акција“, објасни Јирген Клоп за својата одлука.
А како репрезентативецот на Швајцарија ја прифати оваа одлука?
„Тој тоа го разбира и прифаќа“, кратко додаде менаџерот на Ливерпул.
Шаќири во текот на натпреварот со Србија на СП во Русија, го прослави победничкиот погодок со покажува на албанскиот „орел“. Таа провокација предизвика бура во Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, Шаќири неодамна мораше да се извини, а пред дуелот со Звезда истакна дека размислува само на работите кои се однесуваат на фудбалот.
„Ние сме Ливерпул, голем клуб. Не сакаме да испраќаме било какви други пораки освен она што е веќе кажано. Нема почитички пораки, апсолутно не. Сакаме да се фокусираме на натпреварот и фудбалот, лишени од било што би не оптеретувало“, заклучи Јирген Клоп.
Натпреварот од четвртото коло во групната фаза во Лигата на шампионите, помеѓу Црвена Звезда и Ливерпул ќе се одигра утре со почеток во 18:55 часот во Белград.