Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона во шпанската Ла Лига се наоѓа на позиција број два. На третото место е Севиља која опасно се заканува, додека гледа во грбот на Реал од Мадрид.
Одиграни се само 16 кола, па така борбата за шампион ќе биде доста тесна и неизвесна до крај. Сепак, на Ноу Камп веќе размислуваат за иднината, но и за минатото.
Минатото се вика Луис Енрике, а името кое во иднина ќе седне на клупата на Барселона по тоа како сега стојат работите е Хорхе Сампаоли.
Овој Аргентинец моментално седи на клупата на Севиља, после што четири години правеше чуда како селектор на Чиле.
Голем е фан Лео Меси, и начелно ја прифати позицијата на нов тренер на Барселона, пренесува шпанскиот портал Дон Балон.
Од една утопија која ја водеше Унаи Емери во Севиља, Сампаоли има доста подруга – но очигледно и успешна визија за фудбалот кога се работи за Севиља, која е како што рековме на третото место со многу мала бодовна разлика од Барселона и Реал.
Сампаоли е дизел гориво што ќе ги натера да си го тријат носот Барса и Реал, а од Севиља ќе направи европски бренд.
Троец кој ќе прави чуда
Наводно, Сампаоли веќе има три играчи кои ќе ги доведе во Барселона штом ќе седне на клупата.
Тврди дека му е потребен бек, централен и играч кој има променлив офанзивно-дефанзивен менталитет.
Тој сака да најде вистински наследник на Чави Ернандез, а целата негова тренерска сила се базира на акумулација на играчите за врска кои го менуваат интезитетот на игра и синергија во напад и одбрана.
Наводно како што тврди Дон Балон, тој на некој начин ќе го уништи М (Меси) С (Суарез) Н (Нејмар) тандемот, со што ќе добие неопходно засилување во одредени делови натеренот каде што му е најмногу потребно.
Ви останавме должни за тие три имиња кои од сезоната 2017/18 треба да се најдат во ростерот на тимот од Ноу Камп. Прв е играчот на ПСЖ Бразилецот Маркињос. Тој моментално вреди 30 милиони евра, има 22 години и еден од најдобрите играчи на својата позиција.
Втор е Франко Васкез, актуелен фудбалер на Севиља, кој игра на позиција офанзивен играч за врска. Тој има аргентинско и италијанско државјанство и вреди 18 милиони евра.
Трет е уште еден играч на ПСЖ, а се работи за Лукас Моура, Бразилец кој е универзалец на теренот.
Сумата која се споменува дека може да ја плати Барселона е до 40 милиони евра.
Уште еднаш, возбудлило лето 2017 не чека – можеби и највозбудливо засега.