Калдерон го откри името на новиот тренер на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерското место на Сантијаго Солари во Реал Мадрид се „стресе“ по поразот од 0-3 од Барселона во шпанскиот Куп.

Аргентинецот ја доби довербата на Флорентино Перез да го преземе тимот по отказот на Хулен Лопетеги, а на сите им е јасно дека Солари нема да остане уште долго во екипата.

За шпанските медиуми тоа го откри поранешниот претседател на „кралевите“, Рамон Калдерон кој знае кој ќе биде нареден тренер на тимот.

„Имам чувство дека на тренерската клупа на Реал Мадрид наредната сезона ќе биде Жозе Мурињо. Тешко е во моментов, загубивме од Барселона и тоа е голем удар за нас. Сепак, тоа не е неуспех, зашто стигнавме до полуфиналето“, вели Шпанецот.