Катастрофална грешка на Донарума и бод за Милан, Палермо на Несторовски и Трајковки поразен од Каљари (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Се одиграа уште пет натпревари 30-то коло во Серија А.

Пескара ремизираше против Милан, 1:1.

После дванаесет минути игра Палета му ја враќаше топката на Донарума кој ја испушти и му поклони водство на домашните фудбалери. Четири минути пред крајот на првото полувреме Марио Пашалиќ го израмни резултаатот.


Paletta G. (Own goal) HD – Pescara 1-0 AC Milan by situacijeliga


Mario Pasalic Goal HD – Pescara 1-1 AC Milan… by Foot_Videos

Фориљо го одбрани ударот на Лападула во второто полувреме. Ромањоли ја погоди стативата, а пред крајот на натпреварот Фориљо фантастично реагираше по шутот на Окампос. На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

 

Во останатите натпревари Палермо на домашен терен загуби од Каљари, 1:3, Кротоне на гости го победи Киево, 1:2, Фиорентина минимално ја победи Болоња, 1:0, Аталанта пукна петарда против Џенова, 0:5. Илија Несторовски и Александар Трајковски ги одиграа сите 90 минути за Палермо. Горан Пандев за Џенова на денешниот натпревар не настапи.