Керик ќе добие тренерска позиција во Манчестер Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед истакна дека на Мајкл Керик ќе му понуди тренерска позиција во неговиот стручен штаб.

Англичанецот пред два дена до јавноста се обрати со соопштение во кое истакна дека има срцеви проблеми, но дека нема да прекине да игра фудбал оваа сезона. Шпекулациите велат дека ова ќе биде последна активна сезона како фудбалер за Керик, а веќе од следната тој ќе остане во Манчестер Јунајтед како тренер.

„Мајкл знае дека во мојот тренерски тим имам место за него доколку го сака. Јас сакам да ми се приклучи во тренерскиот тим, одборот го сака тоа, сопствениците го сакаат тоа, па Мајкл е во удобна позиција за неговата иднина со нас. Тој најпрво сака да биде играч до крајот на сезоната и сега е самоуверен за да се врати назад на тренинг“- коментираше Жозе Мурињо.

36 годишниот Керик 12-та година по ред е во редовите на Манчестер Јунајтед откако во 2006 година се пресели на „Олд Трафорд“ од редовите на Тотенхем.