Клатенбург се обвинува себеси зашто нема англиски судии на СП


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На Светското првенство во Русија нема да има судии од Англија. Првпат по 80 години, а Марк Клатенбург се смета себеси за виновник.

Клатенбург беше еден од најдобрите англиски судии. А потоа одлучи да ја напушти Премиерлигата и да замине во Обединетите Арапски Емирати, па сега вели дека е виновен зашто на Мундијалот нема да има англиски судии.

„Тоа е моја грешка. Пред две години почнав програма. Заминав во Италија и го направив првиот тренинг. Поставија судии за шампионатите до 20 и до 17 години минатата година, а јас требаше да судам на нив. Но, јас заминав и немаше време да поставиме некој друг со доволно искуство“, кажа Клатенбург.