Клоп „загриза“: Ливерпул ангажира талентиран Бразилец!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот Јирген Клоп сака нови засилувања во екипата, односно во одбраната на Ливерпул.

Очигледно Германецот си го најде првото засилување за јануари, а тоа е играчот на Порто, Алекс Телеш.

За неговите услуги интерес покажаа Реал Мадрид и Јувентус, но никој не сакаше да плати откупна клаузула од 40 милиони евра.

Ливерпул во јануари ќе тргне по поранешниот играч на Интер и Галатасарај, па се надева дека ќе го ангажира.

Минатата година Бразилецот имаше 20 асистенции во 45 натпревари за Порто, а исто така постигна четири голови.