Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што пренесува португалски „Рекорд“, покрај Манчестер Јунајтед, за фудбалерот на Порто, Едер Милитао заинтересиран е и Ливерпул.
Овој 20-годишен Бразилец воодушеви бројни европски клубови со своите партии во тековната сезона, својата прва на Стариот континент.
Ед Вудворд оддамна го стави на својата листа желба, а и Клоп како што се наведува е воодушевен од Милитао и би сакал да го види во редовите на својата екипа.
Германецот е загрижен поради повредата на Матип и Џо Гомез, од стоперите на располагање го има само Ван Дајк и Ловрен, тоа засега функционира, но Клоп смета дека му е потребен уште еден квалитетен дефанзивец за остварување на највисоките цели.
Милитао има договор со „Змејовите“ до 2023. година и откупна клаузула од 50 милиони евра, па со оглед на тоа дека „Црвените“ дадоа 85 милиони за Ван Дајк, зошто не би дале 35 помалку за талентираниот Милитао.
Порто се обидува да ја продолжи соработката со младиот бразилски фудбалер, но и во новиот договор да му вметне клаузула од 75 милиони евра, но Милитао не сака да ја отежнува работата на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но и шанса да не ја продолжи соработката со клубот од „Драгао“.
Така големите ривали на англискиот фудбал, веќе во јануари би можеле да тргнат по потписот на младиот стопер, а ќе видиме кој ќе биде побрз, поубедлив и поконкретен.