Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, денеска соопшти дека Роберт Левандовски нема да го напушти клубот.
Новиот тренер на баварците смета дека Левандовски му е потребен во тимот и во наредната сезона, па залудно се надевале во Реал Мадрид дека ќе го ангажираат Полјакот.
„Јасно е дека Роберт нема да го напушти клубот, зашто ни е потребен и сигурно немаме намера да го продадеме или да го пуштиме да си замине. Сакам многу успеси да постигнам со него. Тој е одличен фудбалер и постигна многу голови во Бундеслигата“, вели Ковач.
Левандовски во сите натпреварувања постигна 151 гол на 195 натпревари.