Коларов заминува во ладната Русија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните денови кружат информации дека Александар Коларов ќе го напушти Манчестер Сити, а најсериозен кандидат за неговиот договор е Спартак Москва.

Серџо Берти кој инаку е менаџер на српскиот фудбалер, имаше интересна изјава за еден руски портал, дека Коларов би можел да игра во Спартак, и дека добро би се снаоѓал во тимот од Москва.

„Најповолен фактор за кариерата на Коларов би бил трансфер во Русија. Србија и Русија имаат слични култури, одлично би се снаоѓал таму. Спартак е легендарен клуб, иако финансиски не се моќни да понудат како што се понудува низ Кина, тоа не е проблем за Коларов“ – изјави Берти

Коларов во Сити е од 2010, пред тоа играше во Лацио, а почетоците на својата кариера ги има во Чукарички и ОФК Београд.