Колку ќе паузира Фил Џонс?


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Жосе Мурињо денеска доби добри вести.

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс не е потешко повреден и веќе се врати во конкуренција за составот.

Од Манчестер пристигна вест дека Џонс е во авионот за Свонси и ќе може да игра.

Надвор од тимот и недостапни за Мурињо и понатаму се Бејли, Рохо, Погба и Ибрахимовиќ, а натпреварот Свонси – Јунајтед е на програмата вечерва од 20:45.