Конечно драмата завршува: Голема преселба од Арсенал во Милан

Според англиските медиуми, Иван Газидис би можел наскоро да го напушти Арсенал, како што се пишуваше претходните денови.

Станува збор за генералниот директор на клубот и неговото заминување би можело да направи промени во управата.

Пол Сингер, милијардерот кој е сопственик на „Елиот менаџмент“, кој во моментов ја контролира ситуацијата во Милан, па е голем пријател со Газидис и поради тоа ќе го ангажира.

А неговото место на во Арсенал најверојатно ќе седне синот на Стен Кроенке, Џош.