Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зделката е изгледа завршена, првото засилување се знае, уште тројца на менито, со овој буџет се изгледа полесно.
Челси ќе ги има и најплатените играчи во лигата.
Првото засилување веќе се знае, како што и рече Конте цел е играч во средината на теренот, со цел да се намали зависноста на тимот од Канте.
Како што пишуваат англиските медиуми, стигнува Бакајоко од Монако, младиот играч за врска ќе биде платен 50 милиони евра, Кнежевците наводно ја прифатиле понудата, а фудбалерот веќе се договорил.
Тој нема да биде единствено засилување во средниот ред, желбата останува Верати, но мали се шансите за ПСЖ да го продаде Италијанецот.
Следното е Вирџил Ван Дајк кој ќе ја засили одбраната, а во нападот Ромелу Лукаку останува прва мета, за него Сините издвоија околу 90 милиони евра, се верува дека желбата на играчот ќе пресуди.
Тој го одби наводно Јунајтед, сака во Челси каде ќе го замени Диего Коста.
Конте го сака и Алексис Санчез, алтернатива е Мората, поради тоа што Арсенал не сака да го продаде Чилеанецот на клуб од Премиер лигата.
Не е тоа се, ќе биде засилени и надворешните линии, на располагање се околу 250 милиони евра за засилувања, јасно е дека Челси ќе има огромен буџет, да потсетиме го продадоа Оскар во зимата, а и Коста ќе внесе голема сума на пари во касата на Сините.
Останува и да се заврши зделката околу Еден Азар, со цел да го спречат да оди во Реал, а Челси му нуди нов договор и зголемување што ќе го направи најплатен играч во лигата.
Ќе има 300 000 фунти неделно, 10 000 повеќе од Погба, Белгиецот на тој начин ќе му биде покажано колку клубот го цени, и се верува дека тој прифатил на огромното зголемување на платата.