Конте има нова идеја за редот за врска?

Оваа опција би била многу поефтина од многу други кои досега беа споменувани.

Челси ова лето дефинитивно ќе ги засили сите линии на тимот, а самиот тим ќе доживее промени и во редот за врска.

Се зборуваше дека Матиќ, Канте и Фабрегас за конкуренција во средниот ред би можеле да го добијат Наинголан или Видал, а се пишува дека и Бакајоко би можел да стигне во Лондон.

Сега се појави нова опција, а Конте има идеја да го донесе Биглија.

Искусниот играч има 31 година, а дефинитивно поефтина опција е за Челси од горе споменатите играчи.

Сепак, проблем за тимот од Лондон е тоа што Лацио се обидува на сите начини да му го продолжи договорот. Конте е свесен за тоа, па внимателно ја следи ситуацијата.